|

Формиран е Локален Младински Совет во Општина Прилеп

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021) член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики, преку иницијативниот одбор, Локалното собрание на млади заокружен е процесот за формирање на Локален Младински Совет при Општина Прилеп.

Локалниот Младински Совет (ЛМС) – Прилеп брои 9 членови – Максимилијан Ѓорчески, Елена Крстеска, Андреј Габроски, Давид Марковски, Елена Николоска, Марко Милошески, Марија Ташкоска, Филип Стојаноски, Ангела Кочоскакои, што доаѓаат од различни младински организации со свој делокруг на делување на подрачјето од Општина Прилеп. За претседател на Локалниот Младински Совет – Прилеп едногласно е избран АНДРЕЈ ГАБРОСКИ.

По верификување на мандатите на членовите на ЛМС – Прилеп од страна на советот на Општина Прилеп, беше одржана конститутивната седница на ЛМС – Прилеп на која што беше избран претседател, донесен правилникот за работа на истиот и барања кои ќе бидат доставени до советниците.

Следни активности на Локалниот Младински Совет се:

  • изработката на локална стратегија за млади и
  • отпочнување на процес за отворање на локален младински центар.

 Надлежности кои ги има ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ се следните:

  • Разгледува прашања кои се важни за работата на ЛМС;
  • Донесува Деловник за работа на ЛМС;
  • Го избира и разрешува претседателот на ЛМС;
  • Поднесува предлози до Советот на Општина Прилеп за идентификувани проблеми на младите на локално ниво и начини за нивно можно решавање;
  • Поднесува предлози до Советот на Општина Прилеп за донесување одлуки, програми и други акти за подобрување на состојбата на младите на локално ниво;
  • Изработува извештаи до надлежните органи за програмите на младите, а по потреба предлага и донесува Програма за решавање на проблемите, со цел подобрување на состојбата на млади на локално ниво;
  • Предлага мерки за остварување и спроведување на одлуки и програми за грижа на млади;
  • Организира работилници, предавања, трибини, кампањи, манифестации и други активности
  • Иницира прашања за млади од делокруг на работата на општината
  • Иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на Локалната стратегија за млади
  • Изработува финансиски план и програма
  • Иницира средби со училишта, факултети, јавен и приватен сектор, музеи и други работи.

Слични Објави