ПРОМОЦИЈА НА „СОВРЕМЕНИ ТЕАТАРСКИ ОСВРТИ“ – ЗВОНКО ДИМОСКИ (видео)
Вчера во фоајето на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, се одржа промоцијата на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски.
Книга во која се вклучени размислувања на авторот за 20 претстави од македонските театари. Како од националните така и од независни продукции и копродукции.
Една различна промоција, во која се разви и дискусија меѓу авторот, промоторката Габриела Стојаноска-Станоевска и присутните, меѓу кои и актери.
Погледнате дел од рецензијата на промоторката и краткиот разговор со авторот: