ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: Стаклената амбалажа да се одлага во наменските контејнери. 10 нови локации

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп упатува апел до граѓаните за правилно селектирање и одлагање на стаклената амбалажа, со цел постепено да се создадат навики кои ќе бидат неопходни со воведувањето на регионалниот систем за управување со отпад.

Од претпријатието посочуваат дека стаклената амбалажа не треба да завршува на депонија, туку исклучиво во специјално поставените контејнери за собирање стакло.

Според ЈКП „Комуналец“, периодов претставува преодна фаза во која граѓаните треба да се подготват за идниот начин на управување со отпадот, кога селекцијата на стаклената амбалажа ќе биде неопходен дел од системот.

Во моментов, на територијата на Општина Прилеп, преку поставените собирни места за стаклена амбалажа и преку системот „ХОРЕКА“, кој ги опфаќа угостителските објекти, годишно се собираат околу 80 тони стаклена амбалажа. Од „Комуналец“ оценуваат дека оваа количина е сè уште далеку од националните цели за рециклирање и повторна употреба на стаклото.

Оттаму ги повикуваат граѓаните да дадат свој придонес во заштитата на животната средина преку правилно селектирање на отпадот и користење на наменските контејнери за стаклена амбалажа.

Селектирај стаклени шишиња и тегли во контејнерите кои се поставени на следниве веќе добро познати локации:
1. Ул,, Кеј 1 мај’’
2. Ул,, 11 Октомври’’ 1
3. Ул,, 11 Октомври’’ 2
4. ул,, Македонска народна ударна бригада’’
5. Ул,, Кеј 9-ти септември’’
6. Р- 1702
7. Ул,, Ѓоре Ѓорески’’
8. Ул,, Индустриска’’ 1
9. Ул,, Индустриска’’ 2
10. Ул,, Јоска Јорданоски’’ околу бр. 47
11. Ул,, Мирче Ацев’’ околу бр 148
12. Ул,, Орце Николов’’
13. Бул,, Гоце Делчев’’ 1
14. Бул,, Гоце Делчев’’ 2
15. Ул,, Александар Македонски ’’1

Покрај постојните 44 локации, Пакомак и ЈКП,, Комуналец’’ поставија дополнително 10 Иглу контејнери на 10 локации за селектирање на стаклена амбалажа.
Контејнери поставени во јули месец 2026
1. Ул,, Бидимаж‘‘ – плато пред градинка
2. Булевар ,,Гоце Делчев’’- кај нова автобуска кафичи
3. Ул,, Војводинска ’’ Точила , згради среден пункт
4. Ул,, Цар Самоил,, – пред Економско училиште
5. Ул,,Октомвриска’’Завод за здравствена заштита – кафичи
6. Згради Ѓогдере – среден асфалтен влез во згради
7. Ул,, Димо Наредникот’’ пункт мост
8. Згради под касарна
9. Населба Ѓогдере 1 – пред Урбана заедница
10. Ул,, Васко Карнгелески’’ – пункт црвена зграда

Слични Објави