АВТОПАТОТ комплетно ќе се заврши за три години
Денес се изврши надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д. во присуство на премиерот на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски, директорот на ЈПДП, пратеници и градоначалници од пелагонискиот регион. Овој проект е од исклучително значење за нашиот регион и за сите граѓани, бидејќи ќе им овозможи подобри, побрзи и побезбедни патни врски.
Градежните активности на патот Прилеп–Битола, дел од Коридорот 10д, ќе го реализира американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка. Ова е значаен момент, оцени министерот за транспорт Александар Николоски, кој истакна дека започнува изградбата на автопатот, по кој се чекаше со децении. На денешниот увид, покрај Николоски, присуствуваа и премиерот Мицкоски и американската амбасадорка Агелер.
Според Николоски, по комплетирањето на автопатот, времето за патување од Скопје до Прилеп ќе биде само час и 10 минути, а од Скопје до Битола – час и половина. Надлежните предвидуваат дека автопатот ќе биде готов за максимум три и пол години.
Коце Трајановски, првиот човек на ЈПДП, нагласи дека напредуваат со експропријацијата и деминирањето, кои претходно беа главни пречки во проектот. Бехтел и Енка уште еднаш ја истакнаа важноста на изградбата за граѓаните и бизнисот, нагласувајќи дека побрзите и побезбедни патишта ќе придонесат за поголем социоекономски развој. Американската амбасадорка Агелер истакна дека овој проект е доказ за одличното партнерство меѓу САД и Македонија.