Голем хуманитарен концерт за помош на Моника во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во вторник на 12 мај со почеток од 20 часот, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за поддршка на Моника, која се бори со тешка болест.

Во хуманата мисија ќе настапат дел од најпознатите македонски фолк изведувачи: Спасен Сиљаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена Велеска, Елена Јовческа, Мирослав Мирчески, Методија Столески, Марјан Коцев, како и КУД „Моминок“.

Билетите се по цена од 250 денари и може да се набават на билетарницата во Центарот за култура, секој ден од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот.

Организаторите апелираат до граѓаните да ја покажат својата хуманост и заедно да помогнеме Моника да ја добие најважната битка – битката за живот.

Слични Објави