Мери Младеновска Ѓорѓиевска: Дали судиите сакаат да бидат независни?

„Дали судиите сакаат да бидат независни? Немаше од кај нив идеи и иницијативи за решавање на проблемите и обвинувањата кон судството, сите овие години. Потенцијалот на обвинителите и судиите не гарантира дека оваа состојба може да се подобри.
Со минатите реформи се усвои решение тие да бидат основа на Судскиот Совет и гледаме дека ваквото решение не даде резултати.
Само ако се направи објективна анализа на работата на судиите тоа е можно, а истото важи и за менување на законите. Со такви податоци, никој не може да се оглуши на оценката на судиите и обвинителите“ – кажува Мери Младеновска Ѓорѓиевска на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар