Александар Николов: Ветинг и за политичари
„Ако се прави ветинг на судии (изјава на албанскиот претседател), треба ветинг и на политичари. За ветингот треба да се видат искуства од странство, но и наши искуства. Таков ветинг имавме деведесеттите (генералниот реизбор на судии), но дали резултатите беа добри?
Кој е системот на следење на успехот на плановите и стратегиите? И во стртегијата за реформа на Јавната администрација и во таа за судството, тој сегмент за следење на успехот е доста оскуден. Тоа создава ризик да донесе и пропусти и грешки.
Така се вели дека 85% од претходната стратегија била спроведена. Како се дошло до тој процент – одговор нема. Целите не се остварени ни во една од нив, а остварувања во проценти колку сакаш. Тоа е паушално мерење на успехот на реформите.
Проблематично е што е премиерот на чело на тие совети, а треба да се мери успех.
Треба нови начини на мерење на успешноста на реформите и квантитативно и квалитативно (како што е задоволството на корисниците од услугите на јавната администрација). Има модели од странство за квалитетот на судските одлуки.“ – кажува Александар Николов, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.
Повеќе на видеото.


