|

„Марш за ангелите“ – најмасовен до сега

Во Скопје денес се одржа најмасовниот „Марш за ангелите“ – протестот кој со месеци ги обединува граѓаните во борбата за правда за загинатите млади во трагедијата во Кочани. Илјадници луѓе се собраа на плоштадот „Македонија“ токму во 12:05 часот, создавајќи колона поголема од сите претходни маршеви.



„Колку деца треба да загинат за да проработи системот?“ и „Не бараме милост – бараме правда“ се само дел од транспарентите. Овој пат бројноста на присутните ја зголеми надежта дека сепак има граѓани кои се солидаразираат со решителноста на родителите да не отстапуваат од борбата за правда.

Маршот се упати кон Собранието, а потоа заврши пред Основниот кривичен суд, каде родителите порачаа дека не се откажуваат. Потсетија дека борбата за правда е долга, но ваквата масовна поддршка покажува дека општеството не е подготвено да премолчи.

Организаторите истакнаа дека токму денешниот марш ја носи најсилната порака досега: граѓаните се обединети и потсетуваат дека трагедијата во која згаснаа 63 животи не смее да стане уште една заборавена статистика. Тие бараат од институциите транспарентност и одговорност – и најавуваат дека маршевите ќе продолжат сè додека тоа не се случи.

Слични Објави