|

2,9 милиони евра за мобилни телефони и претплати од државниот буџет

Според „е-набавки“ од страна на државните институции, од јануари до мај 2025 година, потрошени си 175 милиони денари (2,9 милиони евра) на мобилни телефони и телефонска претплата.

Оваа сума е потрошена од мал дел од државните институции – само неколку општини, јавни претпријатија, болници и факултети. Голем дел од министерствата, судовите, обвинителствата и пратениците не се вклучени, бидејќи имаат активни договори од претходни години, кои наскоро ќе истечат, што значи дека трошоците ќе растат.

Некои институции набавуваат скапи пакети со високи месечни претплати (над 2.300 денари по линија), со цел да добијат субвенционирани скапи уреди.

Некои примери:

  • Служба за општи работи на Владата: 35,4 милиони денари
  • Агенција за електронски комуникации: 9,5 милиони денари
  • ЈП „Национални шуми“: 7,67 милиони денари
  • Општина Центар: 6 милиони денари
  • ЕСМ Дистрибуција на топлина: 5,9 милиони денари
  • ДИК: 4,13 милиони денари
  • Медицински факултет Скопје: 4 милиони денари
  • Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО: 4 милиони денари

Овие трошоци предизвикуваат загриженост, особено во контекст на сиромаштија, проблеми во здравството и образованието. Се поставува прашањето за транспарентноста, рационалноста и приоритетите во трошењето на јавните средства.

Слични Објави