Александар Камбовски нов претседател на Судскиот совет – „Крајно време е да ставиме крај на оние судии кои што не работа според законите“

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на советот во јуни минатата година. По изборот за претседател Камбовски, се заблагодари за доверба и порача дека ќе работи да ја оправда.

Бидете уверени дека оваа институција ќе се води со интегритет, непристрасност, со максимални напори за заштита на судската независност на сите судии во нашата држава. Ова е куќа на судиите, за судиите. Покрај тоа што ја контролираме нивната работа, ние ги охрабруваме да работат согласно законите, согласно уставот и ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка. Да се охрабрат, да постапуваат и да не потпаѓаат под никакви влијанија.“ изјави Александар Камбовски

Судиите кои не работат според законите според него ќе бидат отстранети од судскиот систем.

„Крајно време е да ставиме крај на оние судии кои што не работа според законите, туку според некои нивни лични интереси. Бидете уверени дека местото нема да им биде во судскиот систем“, истакна Камбовски.

Ова е првпат на чело на Судскиот совет да застане судија кој своето образование го стекнал преку Академијата за судии.

Слични Објави