|

Малолетните вандали за казна да работат општокорисни работи

Младите кои вршат вандализам врз јавни добра во иднина за казна да работат општокорисни работи, заедно со нивните родители – ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка.

Предлогот и официјално ќе биде испратен до владата, со барање,  да се формира стручна работна група, што ќе подготви  измени на повеќе закони. Градоначалниците се надеваат дека, мерката ќе помогне во спречување на вандализмот и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците. Не сакаме само да санкционираат, туку и да превенираат, да ја подигнат свеста кај младите и да ги едуцираат за значењето на јавните добра.

Очекуваат Владата и надлежните институции да ја поддржат иницијативата, затоа што вандализмот и уништувањето на урбаната опрема, јавните површини и јавните добра се проблем кој бара системско решение.

За да се спроведе оваа мерка, ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија за спречување на ваквите појави.

Голем дел од граѓаните ја поддржаа иницијативата, но нагласуваат дека и родителите треба да обрнат повеќе внимание на своите деца.

Слични Објави