| |

Едукативна трибина за кардиоваскуларно здравје во Прилеп

Во чест на Светскиот ден на срцето, на 29 септември 2025 година во 18 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе се одржи едукативна трибина посветена на кардиоваскуларното здравје и здравите животни навики.

Настанот ќе опфати теми за ризик-факторите за срцеви заболувања, современите превентивни пристапи, значењето на здравите навики во секојдневниот живот, како и препораки за исхрана кај лицата со дијабетес, нутриционистички и диететски совети.

На трибината ќе говорат д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска, д-р Александра Милевска – Благојевска, м-р Везире Старова и Татјана Ѓорѓиоски. Настанот е отворен за јавноста.

Слични Објави