GREEN UP КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРИЛЕП (ВИДЕО)
Денес, во просториите на градска библиотека Борка Талески Прилеп, се одржа настан за младите од руралните средини, кои сакаат активно да придонесат во зелената транзиција и да се охрабрат во нивните претприемачки потфати.
ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со организации од Шпанија, Италија, Кипар, Словенија и Грција ја создадоа иновативната плаформа GREEN UP YOURSELF со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија.
Од октомври до месец декември во соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп и Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово беа спроведени работилници на кои учество зедоа над 70 млади лица кои преку програмата на GREEN UP YOURSELF се запознаа со зеленото претприемништво и ги зајакнаа своите зелени и претприемачки вештини.
Дигиталната платформа е достапна за сите заинтересирани кои сакаат повеќе да се запознаат со зеленото претприемништво и зелените работни места, а воедно и за наставници/едукатори/младински работници кои сакаат да воведат новини во нивната секојдневна работа со младите.