|

Градоначалникот Коњановски во посета на ТППЕ, СВР Битола и Итната медицинска помош

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска посети неколку клучни институции во општината за да ја согледа нивната подготвеност и екипираност во пресрет на Новогодишната ноќ и претстојните празници.

Од службата за итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, градоначалникот беше информиран дека овие служби, кои работат со 24-часовна дежурна служба, се максимално ангажирани и подготвени да одговорат на потребите и барањата на граѓаните.

Во пресрет на празничните денови, службите упатија апел до граѓаните: да се избегнува прекумерно консумирање алкохол, строго да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, и да не се користат пиротехнички средства, со цел да се осигура безбедноста на сите и да се прослават празниците во мир и радост.

Градоначалникот Коњановски изрази благодарност за нивната посветеност и ангажман, истакнувајќи дека сигурноста и безбедноста на граѓаните остануваат приоритет на општината.

Слични Објави