| |

Злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска го освои златниот медал на Европското првенство во Белград. Таа ја освои првата европска ММА титула за Македонија во женска категорија.

Во полуфиналето, Алексовска славеше против претставничката од Израел, Рути Росмарин, а во големото финале ја победи Анастасија Хородивска од Украина, актуелната светска вицешампионка, и ја освои титулата со впечатлива победа.

Слични Објави