|

Нови спортски терени и фитнес зона за учениците на ОУ „Даме Груев“

Спортските игралишта во основното училиште „Даме Груев“ во Битола ќе бидат комплетно обновени, по повеќе од 20 години од последната реновирање. Подлогата на постоечките игралишта е сериозно оштетена, што ги отежнува спортските активности на учениците.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес на терен беше запознаен со идејните решенија за новите спортски терени од стручните служби. Според проектот, старата асфалтна подлога ќе биде заменета со нов, модерен материјал погоден за спортските активности. Игралиштата ќе бидат проширени, што ќе овозможи одржување на официјални школски спортски натпревари.

Во рамките на обновениот училиштен двор, ќе се изградат терени за фудбал, ракомет, тенис, кошарка, одбојка и баскет, а ќе биде изградена и фитнес зона. Предвидена е и училница на отворено, со клупи за седење и простор за одржување на настава на свеж воздух.

Овој проект е значаен чекор кон подобрување на условите за спорт и рекреација за учениците во Битола.

Слични Објави