Македонците најнесреќни на Балканот, Најсреќните луѓе живеат во Финска
Во најновото истражување на глобалната среќа, спроведено од Галуп, Оксфордскиот центар за благосостојба и Мрежата за одржлив развој на Обединетите Нации (ОН), Македонија се најде на последното место на Балканот, со оценка од 5,503 од 10, и го зазема 86-то место на глобалната листа. Студијата, која анализира различни аспекти на животната среќа, вклучувајќи економската ситуација, здравството, слободата и социјалната поддршка, покажува дека Македонија има сериозни предизвици во овие области, што се одразува на задоволството на нејзините граѓани.
Во споредба со другите балкански земји, Македонија заостанува значително. На пример, Косово, е рангиран на 29-то место, што го поставува како лидер на Балканот според индексот на среќа, пред Србија (31), Босна и Херцеговина (56) и Црна Гора (71).
Словенија се наоѓа на врвот на регионот, рангирана меѓу првите 20 најсреќни земји во светот. Со стабилни економски услови и висока општествена поддршка, Словенија го има еден од највисоките индекси на среќа во светот, што ја ставува во групата на земји со највисоко ниво на благосостојба.
Во глобалниот контекст, Финска продолжува да ја одржува лидерската позиција, како најсреќната земја во светот. Финска, по кој се бројат стабилните економски услови, високото ниво на социјална поддршка и квалитетното здравство, ја задржа својата титула по четврти пат. По неа се наоѓаат Данска и Исланд, Холандија се врати на петтото место кои исто така ги имаат сите неопходни предуслови за високо ниво на среќа, вклучувајќи силни институции и социјална сигурност.
Истражувањето исто така ги истакнува земјите кои доживеале значителен пад во индексот на среќа, како што се Соединетите Држави и Обединетото Кралство. САД, кои претходно беа на 11-то место, сега се на 24-то, додека Обединетото Кралство на 23-то место. Во исто време, некои земји како Израел, Костарика и Мексико забележаа значителен напредок, при што Израел се искачи на осмото место, а Костарика и Мексико влегоа во топ 10.
На глобално ниво, Авганистан продолжува да биде најнесреќната земја, следена од Сиера Леоне и Либан. Ова истражување, кое ги анализира резултатите од периодот 2022-2024, покажува дека заедно со економските и политичките предизвици, социјалните фактори, како што се здравството и социјалната поддршка, играат клучна улога во индексот на среќа во секоја земја.
Македонија, со нејзината позиција на 86-то место, се соочува со големи предизвици кои треба да бидат решени за да се зголеми благосостојбата на нејзините граѓани и да се подобри нивото на среќа и задоволство во земјата.