Пиво Фестивал 2026 ќе се одржи од 17 до 19 јули
Пиво Фестивал 2026 во Прилеп ќе се одржи од 17 до 19 јули. Станува збор за 23-тото издание на традиционалната манифестација, која и оваа година ќе понуди музичка програма, прилепска скара и разновидна понуда на пиво.
Организатор на фестивалот е здружението „Вајб Евентс“, а поддршка за реализацијата обезбедува Општина Прилеп со 2 милиони денари. Според најавите, заедно со јавните претпријатија и надлежните служби и институции, во тек се подготовките за пречек на посетителите од Македонија и од странство.
Пиво Фестивал е една од најпосетените забавни манифестации во земјава и традиционално привлекува голем број гости во Прилеп.



