|

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ засадија 59 стебла во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Во знак на почит и солидарност со жртвите од трагичниот пожар во Кочани, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп организираа акција за садење 59 стебла во училиштето. Стеблата на јасен, јавор и фоја беа посадени во училишниот двор како траен спомен на младите животи.

„Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш.“ напиша средношколците од „Ѓорче Петров“.

Слични Објави