|

Преспански Јаболкобер 2025 со богата програма

На Градскиот плоштад во Ресен, од 25 до 27 септември 2025 година ќе се одржи традиционалниот Преспански Јаболкобер 2025. Тридневниот фестивал ќе понуди културна програма, настапи на фолклорни ансамбли, музички групи и популарни бендови. Настаните секоја вечер започнуваат во 20 часот.

Четврток, 25.09.2025

  • КУД „Анте Зениновиќ“ – Р. Хрватска
  • АФ „Карделшик“ – Ресен
  • КУД „Таше Милошевски“ – Ресен

Петок, 26.09.2025

  • Живе Мешуревски и група „Кода“
  • Наум Бумбаровски
  • Даниел Мехмед и група „Универзал“
  • АМАДЕУС БЕНД

Сабота, 27.09.2025

  • „Пуш Пауза“
  • „Баклаби“
  • ТРОПИКО БЕНД
  • „Brass Brothers“

Фестивалот го организира Општина Ресен со поддршка на Swisslion Agroplod, а настанот традиционално го слави јаболкото – симболот на Преспа.

Слични Објави