“Куќа на Мијаците”, ресторан кој е до Бигорскиот Манастир, своите приходи ги пренасочува за социјално загрозени семејства

Неверојатен факт: Дали сте знаеле дека етно ресторанот “Куќа на Мијаците”, ресторан кој е на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир, своите приходи ги пренасочува за социјално загрозени семејства, социјализација и лекување на децата зависници што престојуваат во Бигорскиот манастир, згрижување на бездомници, грижа на лица отфрлени од општеството и изградба на манастирите и црквите во Мијачкиот регион?

Секогаш кога вие ќе одлучите вашиот ручек да го поминете во овој етно ресторан со превкусна мијачка храна вие лекувате болен, згрижувате бездомник, помагате на социјално загрозени семејства и ги градите нашите цркви и манастири во Мијачкиот регион. Стои во ФБ објавата од Православно секојдневие – Daily Orthodox

Фото – Куќа на Мијаците – The House of the Miyaks

Фото – Бигорски манастир

Слични Објави