| |

5 од Пелагониските општини со „многу добра“ и 4 со „добра“ активна транспарентнос

 

Водејќи се според последното истражување „Индекс на активна транспарентност“ 2024 спроведено од Центар за граѓански комуникации (ЦГК), кое го мери степенот на активна транспарентностна на државните институции, ние во овој напис ќе се задрживаме само на транспарентноста на општините од Пелагонискиот регион.

АГТИС заедно со тимот од ОТВ, неколку години работи на оваа тема, видливост, истажувања, анализи  и на проекти „Отворени општини со отворени податоци“ кои ја третираат танспарентност и отчетноста во Пелагонискиот регион. Преку промовирање на отчетноста и транспарентноста на локалните институции, едукацијата на општините за поголема транспарентност и отчетност, кои информации треба да ги објавуваат и да се поттикнат да ги објавуваат потребните информации, а од друга страна едукација  и  вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси на локално ниво.

Па од наведеното сакаме да се задржиме на Општините од Пелагонија и да ги претставиме резултатите од активна транспарентност односно колку биле траспарентни и отчетни  Пелагониските општини пред своите граѓани.

Пелагонискиот Регион ова годинава е на четвртата позиција, со просечно исполнување на обврските од 80 %, (лани 75 %)

  • Битола не само што ја задржа првата позиција од лани, туку успеа да биде меѓу неколкуте општини со 100 % активна транспарентност.
  • Стандардно, на втората позиција со високи 96 %, исто како лани, се наоѓа Демир Хисар.
  • Прилеп се подобри во однос на лани за 4,6 поени, и се наоѓа на третото место.
  • Ресен и Долнени ги заменија последното и претпоследното место. Со подобрување за 17 процентни поени, Долнени не е веќе на последната позиција на која годинава е  Ресен.
    • Активна транспарентност на општините од Пелагонискиот Регион
  • Финалното рангирање на институциите е извршено според степенот процентот на исполнување на обврските, т.е. индексот на транспарентност. Притоа, 0 е најнизок ранг, а 100 највисок. Активната транспарентност на институциите е поделена во пет групи, во зависност од степенот на исполнетост на обврските. Институциите со 80-100% исполнетост се рангирани во групата ’многу добра‘, оние со 60-80% во групата ’добра‘, институциите со 40-60% исполнетост во групата ’просечна‘, од 20-40% исполнетост во групата ’слаба‘ и од 0-20% во групата ’многу слаба‘ активна транспарентност.
  • Па според рангирањето 5 општини од Пелагонија се рангирани во групата ’многу добра‘, и 4 општини од Пелагонија се рангирани во групата ’добра‘, за среќа оваа година нема ниту една општина од Пелагонискиот регион  која е рангирана во групите ’слаба‘ и’многу слаба‘ активна транспарентност.
РангОпштинаРезултат
1Битола100,0 %МНОГУ ДОБРА  
2Демир Хисар95,7 %МНОГУ ДОБРА  
3Прилеп90,3 %МНОГУ ДОБРА  
4Новаци85,5 %МНОГУ ДОБРА  
5Крушево82,9 %МНОГУ ДОБРА  
6Кривогаштани73,9 %ДОБРА
7Могила71,0 %ДОБРА
8Долнени62,3 %ДОБРА
9Ресен61,4 %ДОБРА
  • Активната транспарентност на Општина Битола во 2024 година изнесува 100 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност, годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 4,3 % во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Демир Хисар во 2024 година изнесува високи 95,7 % (од можни 100 %). Оваа општина од Пелагонискиот Регион четврта година по ред има транспарентност над 90 проценти,  годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 2,9 % во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Прилеп во 2024 година изнесува 90,3 %.  По трет пат оваа општина од Пелагонискиот Регион, се наоѓа во групата на институции со многу добра активна транспарентност, годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 4,6% во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Новаци во 2024 година изнесува 85,5 % Од почетокот на рангирањето во 2016 година оваа општина од Пелагонискиот Регион за прв пат се наоѓа меѓу институциите со многу добра активна транспарентност,  годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 17,4% во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Крушево во 2024 година изнесува 82,9. Со овие бодови, општината се наоѓа на 48-та позиција од вкупно 98 рангирани институции по втор пат помеѓу општините со многу добра активна транспарентност. Промена, подобрување  од 1,4 % во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Кривогаштани во 2024 година изнесува 73,9 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 60 % до 80 %), годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 8,7 % во споредба со лани.
  • Активната транспарентност на Општина Могила во 2024 година изнесува 71 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’добра‘ активна транспарентност. По напредувањето во последните пет години, оваа општина од Пелагонискиот Регион бележи благ пад во однос на лани.
  • Активната транспарентност на Општина Долнени во 2024 година изнесува 62,3 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’добра‘ активна транспарентност. Оваа општина од Пелагонискиот Регион, годинава бележи раст на својата активна транспарентност од 17,4%,  но се уште е слабо рангирана.
  • Активната транспарентност на Општина Ресен во 2024 година изнесува 61,4 % (од можни 100 %). Оваа општина од Пелагонискиот Регион веќе шеста година по ред го задржува истото ниво на активна транспарентност, иако има голем простор за подобрување, годинава бележи пад на својата активна транспарентност од – 4,3%.

Според истраживањето, најмалку информации општините објавуват за финансиите (67 % од можни 100 %).

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Сепак, постои и законска основа за активната транспарентност на институциите, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и др. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Отворено владино партнерство.

Податоците се користени од Индекс на активна транспарентност 2024

Слични Објави