Утре е Преображение Господово – какви ќе бидеме на овој ден, такви ќе бидеме цела година

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ. На 19 август православните христијани одбележуваат еден од најголемите празници посветени на Христос, Преображение Христово, кога паѓа во време на Богородичните пости.

На овој ден се сеќаваме на Христовото преобразување, кога станал светлина и засвети неговото лице како сонце, а неговата облека стана бела… од Новиот завет.

Во народните преданија на овој ден се преобразува и листот во гората и каменот во водата, со тоа најавувајќи ја есента која ни доаѓа. Бидејќи целата природа се преобразува и бидејќи празникот се поврзува со промена на годишните времиња, верниците од 19 август повеќе не се капат во река. На овој ден сите верници постат, а на празничната трпеза се принесува вино и риба. На крајот од светата литургија се осветува грозјето, кое според обичајот првпат се јаде на овој празник. Исто така, тоа се разделува и на гробишта за душа на мртвите.

Според народните обичаи, на Преображение не е убаво да се спие преку ден, да се плаче, ниту да седи во кафеана. Според верувањето, таквите ќе се преобразат и цела година ќе бидат поспани, меланхолични и “растурикуќа”. Во некои делови од земјата жените и девојките стануваат пред изгрејсонце и се зафаќаат со некоја работа, за да се преобразат во уште повредни. А се преобразува и самото небо, слично како на Богојавление.

Според Марко Цепенков, до „Преображдење” не требало да се јаде грозје. Најпрвин, на денот требало попот да го испее, после да се раздаде на комшиите, па отпосле да се јаде.

Постоело верување дека до празникот не требало да се јаде грозје бидејќи било гревота, но откако ќе го отпеел попот, забраната завршувала. Децата кои оделе по полето не смееле да јадат капини се додека не пробале грозје. Капините ги сметале за „ѓавулско грозде”, па кој ќе пробал прво од нив, бил на страната на ѓаволот.

Освен овие, во народната култура на Македонците за Преображение имало и други верувања, меѓу кои и она дека ноќта пред празникот небото се отворало исто како на Богојавление, и се јавувал Бог, кој им ги исполнувал желбите на сите што ќе го виделе тоа.

Од преданието: Bo последната година од земниот живот Исус Христос најчесто им напомнувал на своите ученици за страдањето кое му претстои, за славата која му претстои пo распетието на крст и дека неговото царство е вечно. За да не отстапат co духот пo неговото страдање, и co тоа да се обесхрабрат, Исус co себе ги повел апостолите Петар, Јаков и Јован на гората Тавор за да им ја покаже својата божја слава.

За време на молитвата, тој се преобразил: лицето му засветило како сонце, a облеката му била бела како светлост и покрај него тогаш се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија, зборувајки co него за неговата претстојна смрт во Ерусалим. Тогаш, Христос на апостолите им рекол дека за она што го виделе никому да не кажуваат додека тој не воскресне, сакајки co тоа да ги охрабри. Ha апостолите, од облаците им се појавил и Божјиот глас, соопштувајки им дека Исус е негов син.

Како црковен празник, Преображение Господово кое се паѓа на 19 август, востановено е релативно подоцна, дури околу VII век, и тоа во источните земји, додека во западните, католички земји, востановено е уште подоцна, во 1457 година. Одлуката и во Западната црква свечено да се прославува Преображение ја донел папата Калист III во спомен на големата победа на христијаните во борбата при опсадата на Белград, во јули 1456 година.

Преображение претставува празник кој го чува споменот за божествената слава на Исус Христос и неговата намена е да ја чува надежта и вербата во спасението. Како што запишале евангелистите, Исус Христос во последната година од неговиот живот на земјата се преобразил пред тројца свои ученици, притоа светејќи како светлост.

Свето Преображение на Господа Христа, Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици славата Твоја, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и на грешните да нè осветли Твојата вечна светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината

Bo македонскиот народен календар, празникот  Преображение е прифатен како голем празник, но на овој празник народот му дал сосема други значења. Всушност, на тој ден водата се преобразувала, односно оттогаш започнувала да се менува и станувала поладна, а и времето започнувало да се врти кон зима.

Православната црква според јулијанскиот календар, утре го одбележува Преображение христово. Еден од големите христијански празници. Што значи овој празник, зошто и од кога се празнува. Објаснување на монасите од Бигорскиот манастир.

Нашата Света Црква, сеќавајќи се на сите настани од земниот живот на ГосподИсус Христос, и овој пат пред нас изнесува еден чудесен по својата длабока смисла празник – празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.

Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

Ако, како што веќе спомнавме, овој празник се случил непосредно пред страдањата Христови, односно пред точно четириесет дена, тогаш би требало тој да се празнува некаде во месец март, според празнувањето на Воскресението. Но, тоа време се совпаѓа со периодот на Светата Четириесетница и бидејќи не би можело да се торжествува во периодот на Великиот Пост, затоа овој празник е пренесен на 6/19 август. Датумот не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“ (14/27 септември), кој наликува на Велики Петок. Празникот Преображение, започнал да се слави во источниот дел на Византиската Империја во периодот помеѓу VI – VIII век. Веќе во VIII век тој е раширен низ сиот христијански Исток, а додека на Запад, иако почнал да се празнува малку порано, својот конечен облик го добил дури во XV век.

Инаку, специфично за овој празник е тоа што на Литургијата после задамвоната молитва се благословува и осветува грозјето. Тогаш за прв пат може да се јаде од овој плод.

Слични Објави