Општинарите го даруваа првото новороденче во 2025
Првото новороденче во Општина Демир Хисар во 2025 година е Димитриј Пејковски, роден на 14 јануари, 2025 година, од селото Жван. По тој повод, денес официјална делегација од општината, предводена од градоначалникот Најдовски, го посети бебето и неговите родители.
На семејството Пејковски им беа доделени пригодни подароци – ваучер во висина од 10.000 денари и златно крвче, како знак на внимание и поддршка од локалната самоуправа.
„Да е здрав и жив Димитриј, му посакувам среќа и безгрижно детство. Искрено се надевам дека оваа година ќе биде плодна и бериќетна, со што повеќе новороденчиња во нашата општина,“ истакна градоначалникот Најдовски.
Овој чин претставува симболична поддршка на младите семејства и поттик за зголемување на наталитетот во Демир Хисар.