|

Со Б категорија ќе се вози моторцикл до 125 кубици

Собранието на Македонија ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведува нова можност за возачите со Б категорија.

Според новите правила, лицата со Б дозвола ќе можат да управуваат мотоцикли од категоријата А1 (до 125 см³ и до 11 kW), но само ако се со автоматски менувач.

За да ја искористат оваа можност, возачите ќе треба да исполнат неколку услови: да имаат најмалку 23 години, да поседуваат Б категорија најмалку 5 години, како и да поминат четиричасовна теоретска обука. Обуката ќе важи исклучиво на територијата на државата, а деталните правила за нејзино спроведување ќе ги утврди Министерството за внатрешни работи.

Предлог-законот е поднесен од политичката партија ЗНАМ, а условите беа дополнително потврдени од Павле Арсовски.

Со овие измени се очекува да се подобри протокот на сообраќајот, особено во урбаните средини, како и да се намалат метежот и загадувањето преку поголема употреба на помали и поекономични моторни возила.

Слични Објави