|

Џудо федерацијата на Македонија со две престижни европски признанија

На 77. Конгрес на Европската џудо унија (EJU), одржан во Лас Палмас, Џудо федерацијата на Република Северна Македонија оствари историски успех, добивајќи две високи европски признанија.



Федерацијата е прогласена за „Најдобар европски организатор за 2025 година“, за извонредната организација на Европското првенство за кадети и EYOF, кои беа реализирани со висок професионализам, прецизна организација и одличен менаџмент на настани.

Дополнително, претседателот на Федерацијата, Владимир Трпаноски, го доби престижното признание „Hero of the Year“, како признание за неговото лидерство, визија и значаен придонес во развојот и промоцијата на европското џудо.

На Конгресот лично присуствуваше Трпаноски, кој во име на Федерацијата го прими признанието „Best European Organiser of 2025“. Признанието е официјално потпишано од претседателот на Европската џудо унија, д-р Ласло Тот, на 14 декември 2025 година.

Од Џудо федерацијата упатија благодарност до целиот организациски тим, волонтерите, судиите, клубовите, институциите и партнерите, истакнувајќи дека нивната посветеност и професионалност се клучни за овој значаен европски успех.

Слични Објави