Кој ќе биде шампион во Формула 1? Последната пол-позиција за Верстапен
Макс Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за последната трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби, на патеката „Јас Марина“, со време 1:22.207.
Од второто место ќе тргне Ландо Норис, еден од главните ривали во битката за титулата, додека трет е неговиот тимски колега Оскар Пјастри, со само 28 милисекунди заостанување зад Норис.
Ова е првпат по 15 години тројца возачи да влегуваат во последната трка од сезоната со реални шанси за шампионската титула.
Трката се вози утре, а борбата Верстапен – Норис – Пјастри ветува Интересен финиш, кој може да ја одлучи една од највозбудливите сезони во поновата историја на Формула 1.


