Бесплатен летен курс за момчиња и девојчиња од 5 до 15 години од општина Могила
Општина Могила во соработка со општествено одговорна компанија Сокотаб нуди бесплатен летен курс за момчиња и девојчиња од 5 до 15 години од општина Могила.
Забавно-рекреативните активности започнуваат во понеделник 1 јули до 31 август 2024 и истите ќе се реализираат на:
- стадионот Димко Сараванов -Могилчето во Могила од 8:30 до 10:00
- фудбалскиот стадион во Добрушево од 18:00 до 19:30, ќе се одржуваат 2 пати неделно и се одлична можност за забава, дружење и рекреација, децата ќе имаат убави летни авантури.