Македонскиот борец Марко Трајановски е европски шампион во ММА.
Трајановски донесе злато за Македонија на Европското првенство во ММА кое се одржува во Белград, Србија.
Нашиот натпреварувач во категоријата до 83,9 килограми во групата 13 на патот до првото место оствари четири победи.
Трајановски забележа победи против Георги Савов од Бугарија, Илин Давид од Романија, Доменико Вискуси од Италија и Тимур Руснак од Украина.