ЏК Сеишин – Прилеп со 7 медали на Меѓународниот џудо турнир во Подгорица
На 13 декември 2025 година, во Подгорица, Црна Гора, се одржа 19. Меѓународен џудо турнир „Куп на ослободувањето на Подгорица 2025“, на кој учество зедоа вкупно 485 натпреварувачи од 40 џудо клубови од повеќе држави.
Џудо клубот Сеишин – Прилеп настапи со седум натпреварувачи и оствари одличен резултат, освојувајќи вкупно седум медали – две златни, две сребрени и три бронзени.
Поединечни резултати:
- Јована Цветкоска – 1. место 🥇
- Немања Џагадуроски – 1. место 🥇
- Марко Марковски – 2. место 🥈
- Теодора Илиоска – 2. место 🥈
Екипата беше предводена од тренерите Мартин Ристески и Тони Бурнески, кои изразија задоволство од настапот и прикажаната форма на своите натпреварувачи на овој квалитетен и масовен меѓународен турнир.
Настапот во Подгорица воедно беше и последен натпреварувачки настап за 2025 година за членовите на ЏК Сеишин – Прилеп, кои успешно ја заокружуваат годината со уште еден значаен меѓународен успех.



