ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ АНГЕЛЕСКИ СО СВЕТСКИ РЕЗУЛТАТ!!

Во воздушното стрелиште во Битола во организација на МССФ, а како домаќини клубовите РЕК Битола и Пелистер се одржа II. куп во спортско стрелаштво со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени, јуниори и сениори. Се натпреваруваа 13 клуба и околу 70 стрелци во сите дисциплини и категории.

Во дисциплината воздушна пушка мажи, а воопшто и во апсолутна конкуренција во дисциплината воздушна пушка најуспешен беше прилепчанецот Мартин Ангелески (настапува за клубот Стрелец од Скопје) кој постигна личен и државен рекорд со испукан светски резултат од 630,5 круга, кој вреди за финале на кој било меѓународен натпревар, Европско или Светско првенство. Мартин Ангелески ја започнува натпреварувачката сезона за 2025 со доста висок резултат и добра форма која ветува во наредниот период резултатот да се повтори и подобри со континуиран тренинг, што му отвoра нови врати за веќе започнатиот олимписки циклус до Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година. 

Слични Објави