|

Наставници, воспитувачи и негователи од Прилеп добија признанија

Нашите вистински херои не носат наметки – тие се наставници, воспитувачи и негователи. Луѓето кои секојдневно го менуваат светот, чекор по чекор, дете по дете. Тие се оние кои ја градат иднината на Прилеп преку знаење, љубов и трпение.



Со особена чест, Советот на Општина Прилеп денес ги претстави овогодинешните добитници на признанијата:

Даниела Наумоска – најдобар наставник од основно образование (одделенска настава)
Билјана Андрееска Георгиеска – најдобар наставник од основно образование (предметна настава)
Емилија Хаџи Ристеска – најдобар воспитувач
Анета Мерипушкоска – најдобар неговател

Овие признанија, доделени врз основа на јавно објавен повик, се симболична награда за нивниот труд, но вистинската награда е љубовта и благодарноста на децата и родителите.

„Секое дете заслужува внимание, секоја генерација заслужува образование, а секое општество мора да вложува во своите учители и воспитувачи,“ порачаа од Општина Прилеп.

Слични Објави