Започна МТФ 58
Денес, под мотото “ПРОМЕНИ СЕ, ПРОМЕНИ СЀ”, по 58-ми пат започна Македонскиот Театарски Фестивал во Прилеп.
На отворањето, публиката ја поздрави уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска и нѐ повика да се промениме, за да промениме сѐ, затоа што промената значи напредок, растење, подобрување…
Годинашниот автор во фокус на МТФ е Горан Стефановски, додека, награда за животно дело, им беше доделена на актерката Мими Таневска – Србиновска, како и на актерот Јордан Витанов.
На публиката ѝ посака добредојде и градоначалникот на Општина Прилеп – г-дин Борче Јовчески, а фестивалот го отвори најмладиот учесник – Антониј Кузманоски.
Македонската публика ќе има можност да ужива во фестивалот на театарската уметност од 07 до 14 јуни 2024, а ОТВ редовно ќе Ве известува за сите случувања на фестивалот. Каталогот на МТФ 58 е достапен на веб сајтот на фестивалот.
Фестивалот е отворен со претставата “Хеда Габлер”, која е во тек во моментот на објавување на оваа информација, а наскоро ќе известиме и за нашите импресии од истата.