Во чест на Круме Кепески – 116 години од неговото раѓање
Денес со почеток во 18:00 часот. во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески”- Прилеп. ќе се одржи настан-промоција на книга „Необјавени страници за македонскиот јазик” и предавање, посветени на одбележување на 116 годишнината од раѓањето на истакнатиот културен деец, Круме Кепески, автор на првото издание „Македонска граматика” публикувано во 1946 година.
Автор на книгата е проф. д-р Јованка Кепеска, а промотор е Симона Груевска – Маџарска. Слободан Беличански ќе биде дел од настанот како предавач.
Организатори на настанот се ОУ Градска библиотека „Борка Талески”- Прилеп и Друштво за наука и уметност – Прилеп