ФИЛИП НИКОЛОСКИ НА ПРОБА СО „МЕМОРИЈА“ (видео)
Пред неколку недели ВИС„Меморија“ ја објавија обработката на „Само за добро да е“. Песната за која текстот го напиша Душко Темелкоски, а музиката и аранжманот се на Рубин Димкоски, гитаристот на меморија, а оригиналната верзија ја сними Филип Николоски, ќе биде изведена на големиот концерт на 16. Ноемвери во Скопје во полн состав. Филип ќе им се придружи на другарите од „Меморија“ на сцената и заедно ќе ни порачаат „Само за добро да е“
За тоа да звучи како што треба, Филип вчера ги посети во Скопје и одработија заедничка проба од каде и ги поканија сите фанови на концертот.
Преработката ја пее Ристо Самарџиев, а на рефренот се вклучуваат сите членови на бендот.