Прилепските „Мечкари“ го отвораат карневалот во Инсернија – Италија (видео)
Прилепските „Мечкари“ оваа година за втор пат ќе настапуваат на карневалот за традиционални маски вo Инсерниа – Италија од 14 до 16 Март.
Екипа од 40 души, 36 препраени и 4 музичари, на своето второ учество ја добиваат честа да го отворат фестивалот и да ја предводат поворката низ целиот град.
На овој фестивал покрај маските од различни делови на Италија и прилепските Мечкари, ќе има традиционални маски од Словенија, Бугарија и Франција, а од Македонија ќе бидат и Џоломарите од Бегниште, Кавадаречко.