Интервју со Марина Тошеска КАКО функционираат Лаговите и нивната улога
Методите за граѓанско учество во работата на локалните самоуправи и институциите, постојано се разработуваат, се менуваат, веројатно заради тоа што не е лесно властите и граѓаните да ги седнеш на иста маса, со надеж дека тие ќе разговараат за нови политики и решенија на пробемите. Многу вода протече од самите почетоци на демократијата во Македонија до сега, но сеуште ние немаме ефикасно граѓанско учество во работата на властите. Локалните акциони групи се еден од методите за постигнување влијание во тој процес на валидација на граѓанскиот глас и мислење. Токму заради оваа тема, разговараме со Марина Тошеска – заменик претседател на оваа невладина организација, разговараме како за нивната работа, така и за системот на ЛАГ – ови и можноста повеќе да се чуе граѓанскиот глас, токму на овој начин.
Во интервјуто ќе слушнете за:
- Како функционираат лаговите?
- Кое е значењето на Лаг Агро Лидер во системот на ЛАГ – ови кај нас?
- Како доаѓаат до основни индикатори за проектирање, односно дали општините објавуваат некакви документи кои се поврзани со вашата работа?
- Дали како невладина организација биле повикани во изработка на стратегии – поврзани со работата на општината, која ги засега целните групи со кој работат.
- Дали општините се транспарентни и отчетни? На кој начин тие можат да се подобрат. Кои би биле препораките
- Какви податоци произведуваат општините, кои ним им се потребни при планирањето, при проектирањето или за изготовка на предлози на политики….
На крајот се осврнавме на постигнувањата и остверените јавни влијанија во рамките на проекти, од гледна точка на општата разочараност на општеството од работата на нашите институции и политички избраници. Проблемите на кои наидувате во врска со граѓанското учество. Поинаку, дали граѓаните сакаат да учествуваат во вакви јавни активности?