Карате клуб „Феникс“ повторно најдобар освојувајќи 40 медали

Уште еднаш во низа, Карате клуб „Феникс“ го потврди својот врвен квалитет и доминација на натпреварувачката сцена. На меѓународниот турнир „Дојран Опен 2025“, што се одржа на 1 ноември во Дојран, клубот се издвои како најуспешен меѓу 35 клубови од Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Грција и Романија.



Во конкуренција од 589 натпреварувачи, „Феникс“ ги освои симпатиите и признанијата на сите присутни, освојувајќи вкупно 40 медали – 13 златни, 10 сребрени и 17 бронзени. Со ова, клубот уште еднаш ја потврди традицијата на врвни резултати и континуирана работа со младите каратисти.

Од клубот изјавија дека зад секој успех стојат многу труд, дисциплина и тимска енергија, како и посветеност кон спортските вредности и фер-плејот.

„Нашите млади спортисти покажаа голема борбеност и срце на татамито. Горди сме на нивните резултати и на континуираниот напредок што го покажуваат на секој натпревар“, велат од тренерскиот тим на клубот.

Со овој успех, Карате клуб „Феникс“ уште еднаш го потврди своето место меѓу најдобрите карате клубови во регионот и најави нови спортски победи во претстојниот период.

Слични Објави