Шест екипи на 11. издание на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“
Во Прилеп од утре до недела ќе се одржи 11. издание на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, во чест на прерано починатиот ракометар Миле Нешкоски.
На турнирот ќе настапат шест екипи – домаќинот РК Прилеп, РК Бутел, РК Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс и Младост од Богданци.
Турнирот официјално ќе започне утре во 15:30 часот со положување цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, пред Универзалната сала во Прилеп, по што ќе следи свеченото отворање и натпреварите во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.
Првиот натпревар, од 18:00 часот, ќе го одиграат Бутел и Тиквеш, додека од 20:00 часот домаќинот РК Прилеп ќе се сретне со Мулти Есенс.
Во петок, од 18:00 часот, ќе играат Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, а од 20:00 часот РК Прилеп и Младост Богданци.
Групната фаза завршува во сабота, кога од 18:00 часот ќе се сретнат Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, а од 20:00 часот Мулти Есенс и Младост Богданци.
Во недела се предвидени натпреварите за пласман. Од 16:00 часот ќе се игра натпреварот за петто место, од 18:00 часот за третото место, додека финалето е закажано за 20:00 часот.
По финалниот натпревар ќе следи доделувањето на наградите и свеченото затворање на турнирот.
Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и годинава ќе биде можност преку ракометот да се зачува споменот на еден од прилепските ракометни великани и да се продолжи традицијата започната пред повеќе од една деценија.



