„Ќе бидам градоначалник за сите“ – Игор Каравилоски ја презеде функцијата градоначалник на Кривогаштани
Игор Каравилоски денес официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Кривогаштани, ветувајќи посветена и транспарентна работа во интерес на сите граѓани. Тој најави континуитет на започнатите и реализација на нови проекти за поубава и поразвиена општина, повикувајќи ги жителите да ја следат работата на општината и преку социјалните мрежи.
„Денес со голема чест и одговорност ја презедов функцијата Градоначалник на Општина Кривогаштани.
Свесен сум за довербата што ми ја дадовте и ветувам дека со посветена работа, транспарентност и искрена соработка со сите вас, ќе ја водам нашата општина кон подобро, помодерно и поразвиено утре.
Ќе бидам градоначалник за сите, со отворени врати за секој жител на Кривогаштани. Продолжуваме со започнатите и со нови проекти, за поубава и поуспешна Општина Кривогаштани!
Заедно продолжуваме напред!
Игор Каравилоски
Градоначалник на Општина Кривогаштани
Поради технички механизми на Facebook, името на страницата ќе биде променето на 25 ноември.
Следете нè и на Instagram: www.instagram.com/mayor_krivogashtani“ напиша градоначалникот Игор Каравилоски на ФБ.



