(видео) Даниела Иваноска: Театарот не умре. Театарот го убија!

Синоќа на церемонијата за доделување на наградите 3 Ноември, во Прилеп, актерката од Прилепскиот театар, Даниела Иваноска надвор од сценарио, се обрати до сите прилепчани



Вечерва доделуваме награда на театар што веќе не постои – институција која 75 години создаваше култура, а денес стои затворена и заборавена. Ова не е чест, ова е постхумен апсурд.

Театарот не умре сам – го убија молкот, рамнодушноста, бирократијата и неодговорноста. Наградата нема вредност ако остане само носталгија. Таа треба да биде срам за сите кои дозволија сцената да потоне во мрак.

Градот и државата имаат обврска кон културата, кон историјата, кон нашето духовно наследство и јазик. Бидејќи град без театар е град без душа.

Ако останеме неми и индиферентни, живееме во болно општество. Прилеп, градот на отпорот и храброста, денес молчи пред културен геноцид. Но јас верувам дека ќе се разбуди.

Оваа награда нека биде последно предупредување, не последен збор. Инвестиција во културата е инвестиција во иднината.
Отворете го театарот.

Слични Објави