ПРИЛЕПЧАНИ ЈА ПРОСЛАВИЈА ГРАДСКАТА СЛАВА СВ.НИКОЛА (видео)
19 Декември 2024. Св.Нкола. Уште една година се ближи кон својот крај, а Прилеп по 18 пат слави градска слава. Свештените лица ги кажаа молитвите, ја отпеаја пченицата и ја кренаа поскурата, во чест на Св.Никола заштиникот на Прилеп. Оваа година домаќин беше Општина Прилеп, па во име на општината се обрати градоначалникот Борче Јовчески, за да честита слава и ги најави домаќините за следната година. Матадор и Бим Фуд.
Откако новите домаќини официјално ја превзедоја организацијата за следната година, граѓаните се упатија кон камената бина каде ги чекаа традиционалните сарми, гравче и риба, а имаше и програма за повесела атмосфера.