ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – „ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА“
Учениците од ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп, со помош на своите наставниците организираат хуманитарна акција „Малку е многу“ по повод Детската недела во месец Октомври.
Ова е само дел од нивната низа на активности:
- Приредба со музички настапи, при приемот на првачињата во Детската организација;
- Работилница за хаику поезија под раководство на родител, хаику творец;
- Спортски игри;
- Креативни работилници;
- Дебата;
- Ликовни работилници;
- Работилница за негување на македонските ора и уште многу.
Акцентот е ставен на ученичка иницијатива за организирање и реализација, со цел вклученост на поголем број лица со донации секој според своите можности. На овој начин исто така се воспоставува соработка помеѓу училиштето, бизнис секторот, локалната заедница, родителите и самите деца.
„ Малку е многу “ биди и ти дел од акцијата.