|

Капитална инвестиција во Општина Могила: започнува изградбата на водовод за девет села



Потпишан е договор за реализација на капитална инвестиција во Општина Могила, со која ќе се овозможи изградба на нов водовод во должина од 24 километри, што ќе обезбеди пристап до безбедна и технички исправна вода за пиење за околу 2.000 жители.

Проектот опфаќа девет села:

  • Беранци
  • Долно Српци
  • Вашарејца
  • Ивањевци
  • Подино
  • Свето Тодори
  • Трновци
  • Лознани
  • Новоселани

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува приближно 1 милион евра.

Средствата се обезбедени преку јавен повик од Владата на Македонија, за капитални инвестиции, со кој на Општина Могила ѝ беа доделени средства во два наврата – прво околу 14 милиони денари, а потоа дополнителни 18 милиони денари.

Проектот претставува дел од пошироката стратегија за унапредување на водоводната инфраструктура во руралните населени места и подобрување на животниот стандард на населението.

Слични Објави