Малолетници уапсени при кражба во црква во Прилеп
Полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници . Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба.
„На 18.7.2025 година во 4.35 часот на улицата Цар Самоил во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како вршат кражба од метално сандаче за доброволен прилог од црква.“, соопштија од МВР.
Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава



