КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР ОД БИТОЛА СО НАСТАП ВО РИМ СО МАКЕДОНСКИ ИЗВОРНИ ПЕСНИ
Денес во салата Балдини во Рим, како дел од културната програма за одбележување на традиционалната манифестација „Ден на светите Кирил и Методиј“ во Ватикан, концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Битола, кој како секстет ќе настапи со оперската певица Нада Талевска-Спасовска. Концертот е во организација на Министерството за култура.
На концертот во чест на сесловенските просветители, ќе се изведуват македонски изворни песни, меѓу кои и „Бор садила мома Евгенија“, „Елено ќерко“, „Јовано, Јованке“, „Налеј, налеј“, сплет од староградски песни за Битола, византиски песни и други дела од богатата македонска изворна музичка ризница.
Фото- Камерен оркестар