Започна третиот меѓународен фудбалски “Еден на Еден Могила Куп за деца”
Започна третиот меѓународен фудбалски “Еден на Еден Могила Куп за деца” под покровителство на Општина Могила во организација на фудбалската школа Еден на Еден.
Од 14 до 16 ти јуни во Могила се одржува фудбалскиот куп во кој ќе учествуваат 72 екипи или повеќе од 1200 деца од Македонија и регионот.
Учесниците од генерацијата од 2011 до 2016 година ќе се претстават на терените, на престижниот „Еден на Еден – Могила куп“.
Публиката ќе има можност да ужива во 156 спектакуларни натпревари, исполнети со фудбалско возбудување.
Фото – Општина Могила