КЛУЧЕВИТЕ ОД ГРАДИНКАТА ВО РАЦЕТЕ НА БИРОКРАТИЈАТА

Хуморот како начин за решавање на проблемите, како Зевзекманија решава случај со градинка.

Во земја каде што често се зборува за „грижа за децата“ и „поддршка за семејствата,“ некои работи се едноставно невозможни – како отворање на веќе изградена градинка. Иако објектот стои нов и празен, се чини дека административните лавиринти се посложени од детските играчки што таму некогаш ќе се користат.

Градинката е завршена, но неработи. Зошто? Затоа што Министерствотата, политика и општината не можат да се договорат кој треба да го направи последниот чекор. Додека трае оваа градинката да се преименува во „Административен лавиринт.“ Ќе биде уникатна туристичка атракција – местото каде што институциите покажале како со здружени сили може… да се направи ништо.

Се надеваме дека треба да надвладее разумот во многу вакви ситуации и да се надмине политиката и личните интереси, а родителите да останат смирени.

А до тогаш, погледнете го видео од ситуацијата на Зевзекманија – малку хумор секогаш помага кога животот личи на фарса.

Слични Објави