Документарниот филм “Превенција подобро од лекување” е моќен доказ за издржливоста и храброста на три извонредни жени
Вечерва, премиерно во Горна училишна зграда во Крушево беше прикажан документарниот филм „Превенција подобро од лекување“
Документарениот филм “Превенција подобро од лекување” е моќен доказ за издржливоста и храброста на три извонредни жени кои храбро се борат/избориле со карцином на овариумот/јајникот. Трите хероини Анита Бошкова, Емилија Христовска Костовска и Марија Стоименова несебично ја раскажаа нивната приказна за борбата со оваа болест.
- Медицинскиот аспект го дадоа проф. д-р Ана Данева Маркова и проф. д-р Глигор Тофоски, осврт на психолошката состојба даде Маријана Стојановска, а за правниот дел говореше правничката Неда Чаловска Димова. Ова видео е дел од кампањата „Превенција подобра од лекување“ изработена од БИДИ ЧОВЕК – Здружение за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствени права *Реализацијата на овој проект е овозможена од dm drogerie markt. Стои во објавата од ова видео.