|

ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КУЛТУРНАТА РАЗЛИЧНОСТ

Во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 мај за Светски ден на културната различност. Овој ден ја нагласува клучната улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој и е посветен на вреднување на културните разлики меѓу луѓето и земјите ширум светот.

Општина Битола доследно ќе го одбележи овој ден, со цел да се зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност. Тоа е исто така средство за промовирање на четирите цели на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на различноста на културните изрази усвоена на 20 октомври 2005 година:

– Поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата;

– Да се постигне избалансиран проток на културни добра и услуги и да се зголеми мобилноста на уметниците и културните професионалци;

– Интегрирање на културата во рамки за одржлив развој и

– Промовирање на човековите права и фундаментални слободи.

На 21.05.2025 година, на плоштадот Магнолија (просторот кај репертоарот на НТБ во случај на дожд), од 12:00 часот учество во одбележувањето на Светски ден на културната различност ќе земат:

  1. Културно уметнички друштва од Битола
  2. Комуната на Власи
  3. Здружение „Ромска ѕвезда“
  4. Здружение за Македонско-Српско пријателство
  5. Здружението на Ракотворци Битола
  6. Македонско Турско здружение „Мустафа Ќемал Ататурк“ Битола
  7. Здружение „Нентори 22“ Битола и други…

Слични Објави